Објектот, направен од 40.000 парчиња дрва донирани од 63 општински влади, по Игрите ќе биде демонтиран и дрвата ќе им бидат вратени на општините. Секое парче дрво е обележано со името на областа што го донирала

На Летните олимписки и Параолимписки игри (ЛОИ и ПОИ) во Токио спортистите дел од слободното време ќе можат да поминат во објектот што ќе биде направен од 40.000 парчиња дрва донирани од 63 јапонски општински влади. По Игрите, објектот, кој ќе чини над 20 милиони долари, ќе биде демонтиран и дрвата ќе им бидат вратени на општините на повторно користење за лока

лни објекти. Секое парче дрво е обележано со името на областа што го донирала.
– Една од главните карактеристики на ЛОИ 2020 е што се користат многу дрва, не само за овој објект туку и на други места – изјави за „Ројтерс“ директорот за одржливост на местата во Токио 2020, Нарики Макихара.

Дрвениот објект ќе биде домаќин на официјалните церемонии за добредојде на националните олимписки комитети. Исто така, тој ќе биде и социјален центар за спортистите за време на Игрите, во кој ќе има продавница и кафетерија. Дрвената структура ја следи темата на Токио 2020 за употреба на дрва во изградбата на олимписките објекти, вклучувајќи го и Националниот стадион. Организаторите исто така имаат цел да ги неутрализираат сите емисии на јаглерод што ќе се создаваат за време на Игрите.