Доминик Тим го победи првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на завршниот мастерс во Лондон, во епски меч по три часа борба. Австриецот славеше со 7-5, 6-7 и 7-6 по сетови.

Тим на тој начин ја забележа 300-та победа во кариерата. До неа можеше да стигне и порано, но во тајбрејкот во вториот сет не искористи четири меч топки. Тим, во тајбрејкот на третиот сет, негативата од 0-4 да ја претвори во победа. Инаку, тајбрејкот во решавачкиот сет имаше ист тек како оној минатата година. И тогаш Ѓоковиќ водеше со 4-1, а на крајот Тим славеше 7-5.

Дуелот мина во знакот на сервисите на двајцата тенисери, за што најдобр зборува податокот дека во целиот меч Тим имаше две шанси за брејк, а искористи една во 11-от гем од првиот сет, додека Ѓоковиќ своите три брејк шанси не успеа да ги искористи во вториот сет.

Тим во финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Данил Медведев и Рафаел Надал.