Сите 17 терени на кои ќе се играат тениските мечеви на четвртиот гранслем-турнир годинава САД опен во Њујорк ќе имаат електронска сигнализација за аут и можност за прегледување видеоснимки. САД опен почнува на 27 август.

Тоа ќе биде првпат на секој меч на овој турнир да има помош од технологијата. На САД опен првпат имаше електронска сигнализација во 2006 година. На секој од четирите главни терени ќе има по еден тим за прегледување на видеоснимките од моментите од мечевите, а за сите други терени ќе биде централизирано во едно студио (во минатата година покриеност имаше за седум терени).