Во денешниот мечот кој траеше 194 минути, македонскиот тенсиер Томислав Јотовски одигра неверојатено и стигна до полуфинале.

Во четвртфиналето на фјучрсот во Кисељак, БиХ тој го победи Хрватот Дује Кекез со 2-1 во сетови и притоа спаси две меч топки во вториот сет при водство на ривалот од 5:4 во гемови. Вториот сет потоа го доби во тај брекот со 7:5 на поени. Во решавачкиот сет нашиот тенисер имаше имаше водство од 4:1 во гемови, но и овој сет беше решен во тај брек, а го доби Јотовски со 7:4 на поени.

Првиот сет му припадна на Кекез со 6:4 во гемови. 

Утре во полуфиналето Јотовски ќе игра против Словенецот Том Коцевар-Десман, кој денеска го победи Петар Наѓ од Унгарија (носител 4) со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2).