Со­фи­ја Ша­па­та­ва

Про­фе­си­о­нал­ни­те те­ни­се­ри од це­ли­от свет пре­ста­наа да се нат­пре­ва­ру­ва­ат, но за разли­ка од оние нај­до­бри­те, кои има­ат фи­нан­си­ски средс­тва да се из­др­жу­ва­ат не­кол­ку ме­се­ци, пос­ла­бо­ран­ги­ра­ни­те се­га се во те­шка си­ту­а­ци­ја, се ве­ли, ме­ѓу дру­го­то, во петици­ја­та ини­ци­ра­на од Гру­зиј­ка­та Ша­па­та­ва

По­ве­ќе од 800 про­фе­си­о­нал­ни те­ни­се­ри и тенисерки од це­ли­от свет ја пот­пи­ша­ле онлајн-пети­ци­ја­та што ја ини­ци­ра­ла Гру­зиј­ка­та Со­фи­ја Ша­па­та­ва (31), во ко­ја се апели­ра те­ни­ски­те челни­ци фи­нан­си­ски да им по­мог­нат на послаборан­ги­ра­ни­те те­ни­се­ри и те­ни­сер­ки, до­де­ка е пре­ки­на­та нат­пре­ва­ру­вач­ка­та се­зо­на по­ра­ди панде­ми­ја­та на коронави­ру­сот.

Ша­па­та­ва наг­ла­су­ва де­ка си­те пос­ла­бо­ран­ги­ра­ни те­ни­се­ри и те­ни­сер­ки на АТП и на ВТА-ли­ста­та, по­ра­ди пан­де­ми­ја­та се­га се пре­пу­ште­ни са­ми на се­бе, би­деј­ќи ед­но­став­но не­ма тур­ни­ри ка­де што би за­ра­бо­ту­ва­ле па­ри за жи­вот. Неј­зи­на­та ини­ци­ја­ти­ва е при­фа­те­на од мно­гу неј­зи­ни ко­ле­ги и ко­ле­шки.

– Про­фе­си­о­нал­ни­те те­ни­се­ри од це­ли­от свет пре­ста­наа да се нат­пре­ва­ру­ва­ат, но за разли­ка од оние нај­до­бри­те, кои има­ат фи­нан­си­ски средс­тва да се из­др­жу­ва­ат не­кол­ку ме­се­ци, пос­ла­бо­ран­ги­ра­ни­те се­га се во те­шка си­ту­а­ци­ја. Мно­гу­ми­на не­ма да мо­жат да се из­др­жу­ва­ат, а по­тоа да се вра­тат во игра по три ме­се­ци без на­ста­пи. Над­леж­ни­те во те­ни­сот тре­ба да по­мог­нат во обез­бе­ду­ва­ње­то на игра­чи­те, или ба­рем да им по­мог­нат во овие те­шки вре­ми­ња за на­ши­от спорт – пи­шу­ва, ме­ѓу дру­го­то, во пе­ти­ци­ја­та пот­пи­ша­на од Ша­па­та­ва, ко­ја мо­мент­но е на 371-то ме­сто на ранг-ли­ста­та на ВТА.

Про­фе­си­о­нал­ни­от те­нис е сус­пен­ди­ран и не­ма да про­дол­жи ба­рем до 7 ју­ни. Г.И.