• Браво, Дејан. Златно сребро.
  • Дејане, машко дете, честитки.
  • Леле, ми се насолзија очите! Ааааа, браво!
  • Каква гордост, каква среќа. Срце полно.
  • Не ми се верува, дочекав да ја гледам Македонија на Европско, сега Македонец на Олимпијада.
  • Русинот во претходните три борби изгубил само три поени, а од Дејан изгуби девет поени во една борба. Па ова и не е мала работа. Честитки за среброто и следните олимписки игри чекаме злато.
  • За детево стан, кола и доживотна пензија од 100.000 денари, тој своето за Македонија го одработи. Солзи ми потекоа.
  • Голема возбуда, првпат гледам таеквондо.
  • Не знаев кој е Дејан Георгиевски сабајлево, но ете сеа ќе навивам за него. Што ти е спорт.
  • Денес во 14.45 првпат ќе гледам таеквондо во животот.
  • Доживеав да плачам на финале на таеквондо. Ете колку е непредвидлив животот.
  • Ако земе злато, прв плачам на химната, немој да ми пушти солза некој порано.
  • Дејан ја стави Македонија на светската мапа. Светот дозна дека постоиме и дека и ние имаме јунаци. Свои на своето.
  • И покрај сребрениот медал, ова е нашето златно момче Дејан, кое ќе биде запишано со златни букви во историјата на македонскиот спорт. Честитки, радувај се Македонијо.
  • Некогаш и среброто знае да свети како злато. Браво Дејан, гордост македонска.
  • А бе види го како убаво стои. И нека е сребро. Браво, Дејан. Мислам дека на сите Македонци ни го разубави денот.