Легендарниот поранешен шампион во тешка категорија, 53-годишниот Мајк Тајсон, откри дека се подготвува за изненадувачко враќање во рингот за меч во четири рунди за добротворни цели.

Челичниот се повлече од боксот во јуни 2005 година кога беше нокаутиран од анонимниот Кевин Мекбрајд, но сега вели дека се наоѓа во најдобрата форма во својот живот. Тајсон беше крунисан за најмлад светски шампион во тешката категорија на 20 години и во 20-годишната кариера нокаутира 44 од своите 50 противници.

Зборувајќи со раперот Ти Ај на „Инстаграм“, Тајсон призна дека последните недели работи на враќањето.

– Удирам со ракавици последната недела и беше многу тешко. Се обидувам да се вратам во рингот, сигурно ќе боксувам во некои егзибициски мечеви од три-четири рунди за некои добротворни организации. Некои такви мечеви, да заработам некој долар, да помогнам на некој бездомник и зависник од дрога каков што сум јас – вели Тајсон.