Боксерската легенда, Мајк Тајсон го анализираше претстојниот судир помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер на 1 декември.

Американецот е фаворит во борбата, но според Тајсон, Фјури исто така има сила да ја добие битката.

– Вајлдер дефинитивно е посилен од двајцата. Еден прецизен удар и се може да заврши во негова полза. Фјури сепак има силна психа и неговите шанси не се мали, објасни Тајсон.