ПЛИВАЊЕ

Американскиот пливач Колман Стјуарт го собори светскиот рекорд во трката на 100 метри грбно во кратки базени (25 метри), во вториот натпревар од Меѓународната пливачка лига во Неапол, Италија. Стјуарт постигна време од 48,33 секунди, надминувајќи го претходниот светски рекорд (48,58 секунди), кој беше поставен од Русинот Климент Колесников, во ноември 2020 година.