Македонскиот атлетичар Јован Стојоски постави нов личен рекорд со време од 46,81 секунди на трката на 400 метри на Летните олимписки игри во Токио.

Стојоски заврши претпоследен во квалификациската група во која трчаше откако Кениецот Кипкуруи Емануел Корир беше дисквалификуван.

Стојоски забележа пласман на 38-то место од вкупн 48 учесници во квалификациите.