Американската тенисерка Слоун Стивенс е втората финалистка на завршиот ВТА турнир во Сингапур.

Таа во полуфиналниот натпревар беше поуспешна од чешката тенисерка Каролина Плишкова и ја совлада со 0:6; 6:4; 6:1.

Иако Плишкова го доби првиот сет со максимални 6:0, сепак американската тенисерка успеа да се врати во игра и ги освои следните два сета.

Стивенс во борбата за титулата ќе се соочи со украинската тенисерка Елина Свитолина.