Србија по вторпат стана европски шампион во одбојка, откако славеше над Словенија со 3-1 во сетови (19-25, 25-16, 25-18, 25-19) во финалето во Париз.

Српските одбојкари победија на сите девет мечеви на шампионатот, додека Словенците имаа и два порази во групната фаза, од кои едниот беше од Македонија со 1-3, а другиот од Русија со 0-3.

Во убава атмосфера во Париз, Словенија успеа да го освои првиот сет. Меѓутоа, потоа, Србија предводена од најкорисниот играч на шампионатот Урош Ковачевиќ доминираше во остатокот од мечот за да ја освоји титулата. Претходно и женската одбојкарска репрезентација на северниот сосед стана континентален првак, на 8 септември.

Бронзата на ова Европско првенство отиде кај Полска, која вчера ја победи деморализираната Франција со 3-0.