Светското првенство (СП) во скијачки летови, кое требаше да се одржи во Словенија, на Планица, од 19 до 22 март годинава, е одложено до сезоната 2020/2021, поради ширењето на коронавирусот и новонајавените ограничувања за патувања, објави Светската скијачка федерација (ФИС). Новиот датум ќе биде одреден од Советот на ФИС, во договор со локалниот организациски комитет, ФИС и со носителите на медиумски и трговски права.

– Здравјето и благосостојбата на спортистите и сите други учесници, како и на пошироката јавност се приоритет на сите засегнати страни. Упатствата и одлуките на националните и регионалните власти и нивните здравствени власти се клучни во секоја препорака во врска со јавните собири што влијаат на натпреварите во ФИС. Носителите на билетите ќе бидат информирани од организаторите на Планица за следните чекори. Би сакале да им се заблагодарам на сите за трпеливоста и за разбирањето за време на овие вонредни околности – напиша ФИС на својата интернет-страница.