Спортска Македонија се прости од Благоја Георгиевски-Буштур

Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), на пригодната комеморација во преполната сала на хотелот „Дабл три Хилтон“ во Скопје, се простија од македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски-Буштур.
На комеморацијата присуствуваа голем број спортски работници, спортисти и пријатели, а пригодни зборови за ликот и делото на Георгиевски кажаа претседателот на МОК, Васил Тупурковски, директорот на кошаркарската репрезентација, Тодор Гечевски, и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Погребот на Георгиевски (69), кој пред неколку дена загина во сообраќајна несреќа, е закажан за денеска, во 13 часот, на гробиштата во Бутел.

Тием против Ѓоковиќ во финалето на Мелбурн

Австриецот Доминик Тием ќе игра против Србинот Новак Ѓоковиќ во утрешното финале на Австралија опен во Мелбурн.
За Тием тоа ќе биде прво гранслем-финале, а за Ѓоковиќ, седумкратниот шампион, осмо.
Во последните десет години Ѓоковиќ има загубено само три меча во Мелбурн. Тием, пак, е вториот австриски тенисер што ќе игра за гранслем-трофеј, по Томас Мустер, кој победи на Ролан Гарос во 1995-та.
Пласманот во финалето, Тием го обезбеди со победата во полуфиналето над Германецот Александер Зверев со 3-6, 6-4, 7-6, 7-6. Претходно во четврт-финалето Тием го елиминира Шпанецот Рафаел Надал, во меч што траеше 4 часа и 10 минути.