Роберт Левандовски

Левандовски во голгетерска трка по Милер и по Милер

Полскиот напаѓач на германскиот фудбалски првак Баерн, Роберт Левандовски, не престанува со постигнувањето голови. Тој со 33 гола стана најефикасен странец во една сезона во германската Бундес-лига. Пред него на вкупната листа за најмногу голови во Германија во една сезона се само уште двајца играчи – Дитер Милер (34 гола во сезоната 1976/77) и Герд Милер (36 гола во сезоната 1972/73, потоа 38 во 1969/70 и 40 во сезоната 1971/72).


Меси е на пет пенала до Роналдо

Само Португалецот Кристијано Роналдо (61 гол од пенал за Реал Мадрид) постигна повеќе голови од пенал во шпанската фудбалска Ла лига од Лионел Меси од Барселона, пишува на интернет-страницата на ФИФА. Аргентинецот погоди од белата точка 56. пат во кариерата во дресот на Барселона, во победата со 2-0 над Леганес.


Холанд со два гола ѝ помогна на Борусија за нов голгетерски рекорд

На 39 фудбалски натпревари за Борусија Дортмунд и за Салцбург сезонава, Ерлинг Холанд постигна 43 гола. Минатиот викенд Норвежанецот ја затресе мрежата двапати против Лајпциг, а тоа ѝ помогна на Борусија да постави нов клупски рекорд за постигнати голови во една сезона на Бундес-лигата, 84, на едно коло до крајот на сезоната во Германија.