Марк Скот (26) го собори европскиот и британски рекорд на Мо Фарах на 5.000 метри во сала, истрчувајќи ја оваа делница во Бостон, САД, за 13:08,87 минути.
Скот го подобри рекордот на Фарах (13:09,16 минути) поставен во Бирмингем во 2017 година и си обезбеди норма за настап на Игрите во Токио летово.
Фарах го постави европскиот рекорд на последната трка во кариерата во сала.
Скот во 2018-та стана првак на Велика Британија во сала на 5.000 метри и ја претставуваше на Светското првенство (СП) 2019 година во Доха.