Глобалниот синдикат на фудбалери во светот (ФИФ-про) соопшти дека завршувањето на тековната сезона мора да биде приоритет откако ќе продолжат натпреварите. Генералниот секретар на ФИФ-про, Јонас Баер-Хофман, рече дека незавршување на тековната сезона не е опција во моментов.

– Сите во фудбалот ќе загубат ако се случи тоа. Ако постојат шанси да ја завршиме сезоната, мора да го сториме тоа, затоа што во спротивност ќе има големо негативно влијание врз играчите и врз сите други – вели Баер-Хофман.
Постојат предлози тековната сезона да продолжи до август или во септември, а следната сезона, 2020/2021, да почне подоцна.