Таа во периодот од 1 јуни 2018 до 1 јуни 2019 г. заработила 29,2 милиони долари, од кои само 4,2 милиони се од турнирите, а остатокот од комерцијални зделки

Американската тенисерка Серена Вилијамс, 23-кратна победничка на гранслем-турнирите, четврта година по ред е прва на листата на Форбс според заработката. Таа во периодот од 1 јуни 2018 до 1 јуни 2019 г. заработила 29,2 милиони долари, од кои само 4,2 милиони се од турнирите, а остатокот е од комерцијални и други зделки, бонуси, хонорари за настапи итн.

Наоми Осака (21), која има јапонско и хаитско потекло, но живее во САД, стана четвртата жена што заработила повеќе од 20 милиони долари за една година, по Вилијамс, Русинката Марија Шарапова и Ли На од Кина. Нејзината заработка достигна 24,3 милиони долари, благодарение на двете гранслем-титули, на САД опен во Њујорк лани и на Австралија опен годинава. Таа се смета за една од комерцијално најпривлечните спортски sвезди во моментов.

Севкупно, тенисерките повторно доминираа на листата на Форбс. Освен Вилијамс и Осака, на третото место е ланската шампионка на Вимблдон, Германката Анжелик Кербер, пред годинашната победничка на Вимблдон, Романката Симона Халеп.
Највисокопласирана од друг спорт беше фудбалерката на САД, Алекс Морган, на 12-то место, со заработени 5,8 милиони долари. Индиската бадмингтон-ѕвезда П.В. Шинду и тајландската голферка Арија Јутанугарн беа преостанатите нетенисерки во „топ 15“.