Вториот носител и петкратен освојувач на УС Опен Швајцарецот Роџер Федерер го заврши натпреварувањето на овој турнир откако во осминафиналето беше исфрлен од Австралиецот Џон Милман.

Австралиецот, во моментот 55-ти тенисер на светот, славеше по три часа и 34 минути игра со 3-6, 7-5, 7-6(7), 7-6(3).

Милман, кому најдобар ранкинг во кариерата му е 49-то место на АТП листата, досега нема освоено титула, а за влез во полуфиналето ќе се бори против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.