Американката Сидни Меклафлин (21) го освои златото во трката на 400 метри со пречки на Игрите во Токио, поставувајќи нов светски рекорд, 51,46 секунда, подобар од сопствениот за речиси половина секунда (51,89). Нејзината сонародничка и голема ривалка Далила Мухамед (31), шампионката од Рио 2016 и актуелна светска првенка, го освои среброто (51,58), а Холанѓанката Фемке Бол ја освои бронзата (52,03). Меклафлин беше првата жена што ја проби бариерата од 52 секунди во јуни, кога го постави најдоброто време во светот (51,90).
– Воодушевена сум. Каква голема трка, која всушност започна по седмата пречка. Ја видов Далила пред мене и само си реков „трчај ја својата трка“. Сѐ уште не можам да го прифатам светскиот рекорд во мојата глава. Сигурна сум дека ќе треба малку да го обработам и ќе го прославам подоцна – изјави Меклафлин.
Женската трка на 400 метри со пречки ги оправда големите очекувања и следуваше еден ден по машката, во која победи Норвежанецот Карстен Ворхолм, исто така со нов светски рекорд. Таа трка некои ја сметаат за една од најдобрите во историјата на ОИ.