Светската атлетика (СА), заедно со Меѓународната атлетска фондација (ИАФ), формира паричен фонд за да им помогне на атлетичарите што ги загубија приходите поради актуелната пандемија на коронавирусот. Прекинот на атлетските натпреварувања сериозно погоди многу спортисти, меѓу кои и атлетичарите.

– Ќе се обидеме да им помогнеме на што поголем број атлетичари. Спортистите сега ќе можат да конкурираат за 500.000 долари од фондот – рече првиот човек на СА и на ИАФ, Себастијан Коу.
Уште не е познато кога ќе продолжи атлетската сезона, оти во меѓувреме е одложено Светското првенство (СП) во сала, како и повеќе митинзи на Дијамантската лига.