Ѓоковиќ има најмногу победи

ПОЧНА ТУРНИРОТ ВО МАЈАМИ

По завршувањето на турнирот Австралија опен, вниманието на тенискиот свет се свртува кон САД и отвореното првенство на Мајами, кое се одржува во моментов, а турнирот во Индијан Велс е одложен од вообичаениот датум во март. Овие две натпреварувања се едни најголемите од тениските турнири што се надвор од гранслем-турнирите, а победа и на двата во иста година се смета за еден од најтешките подвизи во тој спорт, пишува шпанска „Марка“.
Само 10 тенисери го освоиле т.н. „двојно сонце“, кое го добило своето име од фактот што и двата турнира се играат во топли временски услови на Флорида и во Калифорнија. Штефи Граф (двапати), Роже Федерер (трипати) и Новак Ѓоковиќ (четири пати) успеаја да ги освојат повеќе од еднаш двата турнира во иста година.
На двата турнира во иста година победиле Џим Курир (САД, 1991 година), Мајкл Ченг (САД, 1992), Пит Сампрас (САД, 1994), Штефи Граф (Германија, 1994, 1996), Марсело Риос (Чиле, 1998), Андре Агаси (САД, 2001), Роже Федерер (Швајцарија, 2005, 2006, 2017), Ким Клајстерс (Белгија, 2005), Новак Ѓоковиќ (Србија, 2011, 2014, 2015, 2016) и Викторија Азаренка (Белорусија, 2016).


На турнирот во Мајами се елиминирани 24 носители

По две одиграни кола кај мажите и по наполу одиграно трето коло кај жените на тенискиот АТП-турнир од серијата 1.000 во Мајами, елиминирани се вкупно 24 носители, од кои 10 кај мажите и 14 кај жените. Турнирот заврши за третите носители Александар Зверев и Симона Халеп. Меѓу елиминираните носители се и Давид Гофин, Григор Димитров, Кики Бертенс, Анџелика Кербер… Поради пандемијата на коронавирусот, минатогодишното издание на турнирот во Мајами беше одложено. Победник на турнирот што се одржа во 2019 година беа Швајцарецот Роже Федерер, кој го откажа својот настап на годинешното издание, а пак бранителка на титулата кај жените ја има Ешли Барти.