Русинот Аслан Карацев (27) продолжи со сезнациналната игра и во четврт-финалето на Австралија опен елиминирајќи 18-от носител Бугаринот Григор Димитров со 3-1 (2-6, 6-4, 6-1 и 6-2) во сетови.

Со пласманот во полуфиналето на Австралија опен, Карацев (114-ти на АТП-листата) стана првиот дебитант од почетокот на „опен ерата“ што се пласирал во полуфиналето и втор тенисер по Австралиецот Боб Гилтан (1977 година) што преку квалификации стигнал до полуфиналето на главниот турнир во Мелбурн.

Во полуфиналето Карацев ќе игра против победникот од дуелот меѓу светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и германскиот тенисер Александар Зверев.

Пласман во полуфиналето на турнирот во Мелбурн обезбеди седумкратната освојувачка на Австралија опен, Американката Серена Вилијамс, која со 2-0 во сетови (6-3,6-3) ја елиминираше втората носителка Романката Симона Хапел. Противник на Вилијамс во полуфиналето ќе биде третата носителка, Јапонката Наоми Осака.