Емил Ристески (категорија до 14 години), е најдобропласирниот македонски шахист по 4-то коло (од предвидените девет), на Европското првенство (ЕП) за млади, што во шаст возрасни категории (8, 10, 12, 14, 16 и 18 год.) се игра во Рига (Летонија). Во ова коло, тој по вторпат во низа ремизираше (овојпт со ФМ од Азербејџан Сулејманли) и со три поени (две победи и две ремија), е 17-ти меѓу125 врсници. Од 10-те македонски претставници, во ова коло цел поен освоија Михаела Зрмановска, Ивана Манова (прва победа), Либерт Муча (прва победа) и Андреј Велјаноски (втора во низа).
На пет кола до крајот, Јована Давиткова е 60-та (1 поен), Михаела Зрмановска 37-ма (2), Ана Златкова 79-та (1), Ивана Манова 50-та (1,5), Андреј Иванов (28-ми (2), Либерт Муча 124-ти (1), Антон Златков 86-ти (1,5), Емил Ристески 17-ти (3), Андреј Велјаноски 75-ти (2) и ФМ Тони Лазов 39-ти (2).
На ЕП играат вкупно 1.074 шахисти/ки (1 ВМ, 1ЖВМ, 13 ИМ, 5 ЖИМ, 78 ФМ, 43 ЖФМ) или 200 со титули, од 47 држави.
Г.И.

Резултати 4-то коло
8 год. Иванов (рејтинг 1.132, рангиран 39-ти) – Кириакидес (Кипар, 58-ми) 1-0
10 год, Муча (1.052, 115-ти) – Саморуков (Монако, 126-ти) 1-0
12 год. Пуриг (Украина 1.575, 83-ти) – Златков (1.788, 47-ми) 1-0
14 год. ФМ Сулејманли (Азербејџан, 2.323, 10-ти) – Ристески (2.081, 41-ви) реми
16 год. Велјаноски (1.906, 91-ви) – Вучковиќ (Црна Гора, 2.088, 60-ти) 1-0
18 год. ФМ Викоук (Чешка, 2.413, 10-ти) – ФМ Лазов (2.292, 33-ти) 1-0
10 год. Давиткова (1.075, 48-ма) – Бартечкова (Чешка, 59-та) 0-1
12 год. Трговац (Хрватска, 1.374, 54-та) – Зрмановска (1.254, 69-та) 0-1
14 год. Златкова (1.065, 93-та) – Беванда (Хрватска, 1.632, 66-та) 0-1
18 год. Манова (1.809, 50-та) – ЖКМ Блонд (Холандија,1.752, 55-та) 1-0