Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикиардо даде објаснување за неговите зборови по „Големата награда на Мексико“ каде што осми пат во сезоната не ја мина целта.

Австралиецот потоа изјави дека чувствува во своето срце дека е уморен од автомобилот и не сака да се натпреварува во последните две трки од сезоната.

– Сакам да ја разјаснам ситуацијата. Ќе учествувам на последните две трки во сезоната, бидејќи ова е моја работа. Немам друг живот. Оваа сезона е подеми и падови. За жал, падовите беа посилни. И нема да лажам, тоа ме вознемирува. Но, се гледам себе си оптимистички, ги гледам сите момци во тимот кои работат како луди, така што можам да ветам максимално залагање. Ми требаше пауза од неколку дена. Сега се чувствувам подобро – изјави Рикиардо.

Во пресрет на последните две трки, пилотот на Ред Бул во Генералниот пласман се наоѓа на 6.место со 146 освоени бодови.