Македонската џудистка Арбреша Реџепи ќе може да присуствува на отворањето на Летните олимписки игри и да го носи македонското знаме на церемонијата во Токио, по интервенција на канцеларијата на Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Реџепи повеќе не е под надзор поради близок контакт со заразен од ковид-19 со одлука на ИОК/организациониот комитет Игрите, соопшти МОК.
Таа ќе ја има честа, покрај репрезентативецот во таеквондо Дејан Георгиевски да го носи македонското знаме на отварањето на ЛОИ.