Македонската џудистка Арбреша Реџепи нема да може да присуствува на утрешната церемонија на отворање на Летните олимписки игри во Токио поради близок контакт со лице позитивно на ковид-19, соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Реџепи ќе мора да оди во делумна изолација со што е спречена да го носи македонското знаме на церемонијата на отворањето на Игрите, поради правилата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Беше предвидено таа да го носи знамето заедно со репрезентативецот во таеквондо Дејан Георгиевски.

Реџепи засега оди на тренинг со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК и ќе има право да настапи на олимпискиот турнир во џудо. Таа ќе се бори против Британката Жил Челзи во првото коло.