Емил Ристески

Македонската машка и женска шаховска репрезентација, остварија променлив успех во 8-то, претпоследно коло на 23. Европско екипно првенство (ЕП), кое се одржува во Терме Чатеж (Словенија). Шахистите (рангирани 33-пред почетокот) одиграа нерешено 2-2 со Белгија (рангирана 30-та). Емил Ристески го матираше својот противник во 31-от потег, загуби Филип Михов, а ремизаираа Филип Панчевски и Никола Николовски, кој заврши последен по 85 одиграни потези.

Женската репрезентација на Македонија (рангирана 31-ва), загуби од силана селекција на Хрватска (рангирана 13-та) со 0,5-3,5. Ремизираше само Моника Стојковска на првата табла, додека Сања Трајковска, Драгана Николовска и Ивана Манова се поразени.

Во пресрет на последното 9-то коло кое се игра утре, македонските шахисти со една победа, три ремија, три порази и едно слободно коло или вкупно шест бода (13,5 поени по табли), моментно се на 35-то место од 39 селекции, додека шахистките се на 27-то место, со две победи и пет порази (во 1-то коло беа слободни), односно останаа на пет бода (11 поени по табли) во конкуренција на 31-на репрезентација. Во последното коло, македонските шахистите ќе играат со Црна Гора (рангирана 29-та), а македонските шахистките со Исланд (рангиран 29-ти).

На коло до крајот, кај мажите водат Ерменија, Франција, Азербејџан и Украина со 12 бода (Русија загуби од Франција со 1,5-2,5 и моментно е на 8-то место со 10 бода, така што нема да ја одбрани титулата – н.з.). Женската селекција на Русија ја одбрани титулата откако ја победи Украина со 3-1 и има 16 бода, три повеќе од второпласираната Полска, додека за бронзата конкурираат дури седум репрезентации со по 10 бода.

На ЕП 2021 се пријавени 39 машки репрезентации со 193 шахисти (127 ВМ, 37 ИМ), а кај шахистките 31 држава со 154 шахистки (11 ВМ, 23 ЖВМ). Титулите во обете конкуренции ги брани Русија. Г.И.

МАКЕДОНИЈА – БЕЛГИЈА 2-2

ИМ Филип Панчевски (2.490) – ВМ Даниел Дардха (2.525) реми

ИМ Никола Николовски (2.401) – ИМ Стефан Дох (2.432) реми

ФМ Емил Ристески (2.315)– ИМ Реин Верстраетен (2.386) 1-0

Филип Михов (2.255) – ВМ Мер Ховханисјан (2.419) 0-1

ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА 3,5-0,5

ФМ Ена Цвитан (2.234) – ЖФМ Моника Стојковска (2.066) реми

ЖВМ Мирјана Медиќ (2.196) – Сања Трајковска (1.960) 1-0

ЖИМ Ана Берке (2.135) – Драгана Николовска (1.877) 1-0

ЖФМ Патриција Вујновиќ (2.151) – Ивана Манова (1.809) 1-0