ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Тадеј Погачар (23) стана првиот велосипедист по 42 години што успеал да победи на Тур де Франс и на Џиро ди Ломбардија во иста сезона, откако победи и на трката во Италија, пишува „Би-би-си“. Словенечкиот велосипедист стана четвртиот што го постигна овој подвиг по Фаусто Копи, Еди Меркс и Бернард Ино. Победата на Погачар во Ломбардија следува по неговиот втор триумф по ред на Тур де Франс. Тоа беше и негова втора победа годинава на една од петте престижни еднодневни трки, откако победи во Лиеж-Бастоњ-Лиеж во април.