Акту­ел­ни­от свет­ски ша­хов­ски пр­вак, Нор­ве­жа­не­цот Маг­нус Карл­сен, за­вр­ши ка­ко прв по пре­ли­ми­нар­на­та фа­за на тур­ни­рот пре­ку ин­тер­нет во за­бр­зан шах „Маг­нус Карл­сен 2021“, вре­ден 220.000 до­ла­ри (за по­бед­ни­кот 60.000), со до­се­га нај­до­бар ре­зул­тат во пре­ли­ми­нар­на­та фа­за на оваа се­ри­ја тур­ни­ри.

Во кон­ку­рен­ци­ја на 16 врв­ни ша­хи­сти, по оди­гра­ни 15 ко­ла во три де­на, Карл­сен освои 10,5 по­е­ни од мож­ни 15, со се­дум по­бе­ди, се­дум ре­ми­ја и еден по­раз, од Аниш Ги­ри. Вто­ро­то ме­сто го освои Хо­лан­ѓа­не­цот Ги­ри, со 10 по­е­ни, а трет е Аме­ри­ка­не­цот Вес­ли Со, со 9,5 по­е­ни.

Во че­тврт-фи­на­ле­то, осум­те нај­до­бри ша­хи­сти ќе игра­ат два де­на, по че­ти­ри пар­тии (вре­ме за раз­мис­лу­ва­ње 15 ми­ну­ти плус 10 се­кун­ди по се­кој по­тег по играч). Двој­ки: Карл­сен – Аро­ни­јан, На­ка­му­ра – Не­пом­ни­јаш­чи, Со – Фи­руз­ја и Ги­ри – Ва­шер-Ле­грав.

Та­бе­ла, пре­ли­ми­на­рен дел: Карл­сен 10,5, Ги­ри 10, Со 9,5, На­ка­му­ра 9, Не­пом­ни­јаш­чи, Фи­руз­ја, Ва­шер-Ле­грав по 8,5, Аро­ни­јан и Кар­ја­кин по 8, Ду­бов 7,5, Ра­џа­бов 7, Мамеѓаров 6,5, Гран­де­ли­ус и Ван Фо­рест по 6, Ан­тон 4 и Пи­шот 2,5 по­е­ни. Г.И.