Недолго по пристигнувањето во Њујорк минатиот месец, Новак Ѓоковиќ ми кажа дека имал искрена желба да биде на САД опен. Тој го повторуваше тоа за време на престојот кој заврши многу порано отколку што се очекуваше, во неделата во која првиот носител беше дисквалификуван поради неспортско однесување, откако во фрустрација удри топче кое погоди линиска судијка во вратот, пишува Кристофер Клери во неговата колумна за „Њујорк тајмс“ насловена „Ѓоковиќ се извини за испадот, но неговата драма е самоиницирана“.

Тоа несомнено беше случајно, но исто така беше невнимателен потег од 33-годишната суперѕвезда, која е толку навикната да живее и да игра под микроскоп, што уште одамна требаше да научи како да го избегне.

Но Ѓоковиќ, освојувачот на 17 гранслем-трофеи кој си докажа на себеси дека е најдобриот натпреварувач во машкиот тенис кога е соочен со притисок, има уште нешта на кои треба да поработи. Спободен да шармира и да биде великодушен, но исто така и да претвори голем број на нешта кои ги допира во пепел.

И покрај обидите да пронајде мир, да живее во согласност со природата и да внимава да внатрешниот глас, Ѓоковиќ пречесто е својот најголем непријател. А дури иако не цели да биде најсаканиот, на исто рамниште како ривалите со кои се споредува – Роже Федерер и Рафаел Надал, што инсистрира дека не го прави, тој имаше неколку тешки месеци.

Тој презема многу обврски. Ѓоковиќ беше претседател на советот на тенисери при АТП во пресрет на почетокот на САД опен, кога Васек Поспишил покрена нова тениска асоцијација кон која АТП е претпазлива, а која Федерер, Надал и бројни други водечки тенисери засега не ја поддржаа.

За волја на вистината, наспроти убедувањето од страна на Ѓоковиќ, тој делуваше несигурен во врска со доаѓањето во Њујорк. Тој одлучи да учествува минатиот месец по долги преговори со организаторите во врска со сите услови, од сместувањето па до бројноста на придружбата, тестирањето и протоколите за карантин. Не ја олесни работата, но барем дојде, и потоа не им даде избор на организаторите освен предвреме да го пратат дома.

Иако новинарите (а и сите останати) генерално не треба да се плеткаат во психологијата, беше лесно да се увиди изливот на гнев во неделата е производ на акумулирана тензија надвор од теренот.

Ѓоковиќ постапи исправно во понеделникот. Откако линиската судијка што ја погоди се соочи со бројни навреди на интернет, Ѓоковиќ објави порака на Твитер, барајќи од неговите обожаватели да „се сетат дека и на линиската судијка која беше погодена, и е потребна нивната поддршка“ и дека „таа воопшто не сторила ништо погрешно“.

Поспишил и другите кои соработуваа со Ѓоковиќ изразија почит за неговата желба за да ги ризикува сопствената репутација и енергија за доброто на своите колеги тенисери. Тој беше вклучен во големи борби зад кулисите во изминатите две сезони – во помагањето за отстранување на поранешниот претседател на АТП Крис Кермод од функцијата во 2019 година и во поддршката за Џастин Гимелстоб, поранешниот американски тенисер кој минатата година се изјасни како виновен за обвиненијата за напад и поднесе оставка.

Сега ќе има нова тениска асоцијација која Ѓоковиќ ја гледа преку обидот за помош на нискорангираните тенисери да ја зголемат заработката, во спортот кој традиционално ги наградува ѕвездите. Неговиот труд за организирање на асоцијацијата може да донесе нови неволји, слично како и турнејата „Адрија“, неговата иницијатива која му создаде проблеми за време на пандемијатата.

– Во толку многу наврати тој има добри намери, едноставно не го погодува тајмингот, како што беше со турнејата „Адрија“ – кажа поранешната словачка тенисерка Даниела Хантухова.

Во поглед на јавниот имиџ, кариерата на Ѓоковиќ имаше подеми и падови споредена со Федерер и Надал. Федерер имаше проблеми со гневот кога беше млад, но ги совлада, станувајќи непоколеблив на теренот. Но со Ѓоковиќ, кој одрасна со малку кога Србија беше сметана за политички парија, гневот уште излегува на површина. Ова не е првпат да доведе линиски судија во опасност. Во 2016 година за време на Ролан Гарос, рекетот се лизна од неговата рака кога замавна во гнев и за малку го промаши судијата, за време на четврт-финалето со Томаш Бердих. Тоа можеше да му донесе дисквалификација во годината кога единствен пат триумфираше на турнирот.

Истата сезона за време на завршниот мастерс турнир, тој удри топче кон трибините без да погоди никого, а подоцна се расправаше со новинар кој сугерираше дека можеби постои одредено однесување, наведувајќи дека би можело да биде опасно ако погоди некој од гледачите. Речиси четири години подоцна, се случи инцидентот на арената „Артур Еш“.

– Понекогаш се чини дека гневот излегува надвор од контрола. Јас се грижам толку многу за него и почитувам се што прави за нашиот спорт, но само се надевам дека има лекција што може да ја научи дури и во најлошиот можен миг, кога тој е единствениот што стои на својот пат до 18-от гранслем трофеј, со почит кон останатите тенисери – објаснува Хантухова.

Ѓоковиќ остана и без наградниот фонд за досегашното учество на САД опен од 250 илјади долари, а ќе плати и казна од 10 илјади долари за неспортско однесување, како и дополнителни седум и пол илјади долари за избегнувањето на прес-конференцијата по мечот. Тоа е ситница за него, но она што боли е пропуштената прилика да се доближи до Федерер кој има 20 гранслем-трофеи и до Надал кој има 19.

Со целиот талент и решителност на Ѓоковиќ, временскиот рок за достигнување на рекордот се стеснува. Младата генерација се подобрува, а некој од неа ќе го освои својот прв гранслем в недела. Ѓоковиќ знае добро дека никој друг не е виновен за ваквата ситуација освен тој самиот.