Ивана Пројковска ќе биде главен судија на финалето помеѓу Франција и Германија од Европското првенство за фудбалерки до 19 години во Шкотска, в недела, информира Фудбалската федерација на Македонија. Најдобрата македонска судијка во фазите од групи ја делеше правдата на натпреварите Англија – Германија (1-2) и Франција – Норвешка (3-3), а потоа во полуфиналето Германија – Холандија (3-1) беше четврта судијка.

Добивајќи ја довербата на УЕФА да биде главен судија на финалето помеѓу Германија и Франција, Пројковска го доби најголемото признание во нејзината судиска кариера. Помошници на Пројковска во финалето ќе ѝ бидат Каролин Калвоја од Естонија и Александра Теодора Апосту од Романија. Пројковска e во првата категорија на судии во УЕФА.