Првенствата ги отвори претседателот на ЏФМ Владимир Трпаноски

Прилеп беше центарот на џудото во земјава во изминатите два викенда со одржувањето на државните првенства во повеќе категории, во организација на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ).

На 20 јуни се одржаа борбите во конкуренција на пионери и на сениори, вчера се одржаа натпреварувањата за помлади пионери и кадети, а денеска за јуниори и за ветерани.

Првенствата ги отвори претседателот на ЏФМ Владимир Трпаноски.

Натпреварувањата се одржаа без публика и според сите здравствени протоколи за спречување на ширењето на ковид-19.