Првиот победник од Австралија, Тоби Прајс со КТМ го повтори својот успех од 2016 година и покрај болките од фрактура во левата рака, го освои рели „Дакар 2019“ во категоријата кај моторите.

Тој го презеде водството по елиминацијата на пилотите на Хонда, Хоан Бареда, кој падна во третата фаза, и Рики Брабек, чиј мотор се оштети во осмата фаза.

Со успехот на Прајс, КТМ продолжуваат со својата тотална доминација кај моторите на Дакар за 18-та година по ред.

Двајца од фаворитите – победникот од 2017 година Сем Сандерленд (КТМ) и Кевин Бенавидес (Хонда) добија тешки казни за модифицирање на мониторинг системот, односно за криење на лични забелешки за рутата, и отпаднаа од борбата за победа пред претпоследната фаза.

Најдобриот напреварувач со Јамаха, Адриен ван Беверен остана разочаран откако во претпоследната фаза, доби оштетување на моторот.