Николовски (лево) и Лазов

Око­лу 360 ша­хи­сти (127 велемајсто­ри) од 40 европ­ски фе­де­ра­ции ќе се натпреваруваат од ве­чер­ва до не­де­ла, а за Ма­ке­до­ни­ја игра­ат Ни­ко­ла Ни­ко­лов­ски и Тони Ла­зов

Ма­ке­дон­ски­те ин­тер­на­ци­о­нал­ни мај­сто­ри (ИМ) и ре­пре­зен­та­тив­ци Ни­ко­ла Ни­ко­лов­ски (2.454 рејтинг-по­е­ни, ран­ги­ран 138. пред по­че­то­кот на тур­ни­рот) и То­ни Ла­зов (2.405, ран­ги­ран 191.), се дел од Европ­ско­то ин­тер­нет-пр­венс­тво во брз шах (три ми­ну­ти, плус две се­кун­ди по играч по се­кој по­тег), што за на­гра­ден фонд од 12.000 евра (за по­бед­ни­кот 2.500) го ор­га­ни­зи­ра Европ­ска­та ша­хов­ска уни­ја (ЕКУ), за­ед­но со домаќинот, полски­от град Ка­то­ви­це.

– Не сум не­кој го­лем љу­би­тел на ин­тер­нет-ша­хот, не оче­ку­вам не­кој сен­за­ци­о­на­лен ре­зул­тат, ед­но­став­но са­кам да ги ви­дам мо­мент­ни­те спо­соб­но­сти во оваа сил­на кон­ку­рен­ци­ја на брз шах. Но би са­кал да оди­грам ква­ли­тет­но и да за­бе­ле­жам по­бе­да со не­кој по­си­лен по реј­тинг ша­хист од ме­не – ни из­ја­ви Ла­зов.

Око­лу 360 ша­хи­сти (127 ве­ле­мај­сто­ри) од 40 европ­ски фе­де­ра­ции ќе се нат­пре­ва­ру­ва­ат до не­де­ла. Ве­чер­ва, од 18 до 21 ча­сот, ќе се игра­ат 11 ко­ла (швај­цар­ски си­стем), а нај­до­бри­те 16 ќе игра­ат во ос­ми­на­фи­на­ле­то утре, по­тоа е че­тврт-фи­на­ле­то, а в не­де­ла се по­лу­фи­на­ли­ња­та и фи­на­ле­то. Ќе се игра­ат по че­ти­ри пар­тии, плус евен­ту­а­лен т.н. ар­ма­ге­дон-ду­ел, ако е не­ре­ше­но.

– Иа­ко ин­тер­нет-ша­хот е по­мал­ку по­чи­ту­ван во све­тот откол­ку тра­ди­ци­о­нал­ни­от шах, не­го­ва­та важ­ност рас­те – ве­ли пол­ски­от ВМ Јан-Кши­штоф Ду­да, нај­до­бро ран­ги­ра­ни­от играч на ЕП (2.743 по­е­ни).

Скоп­је бе­ше до­ма­ќин на ЕП во за­бр­зан (409 учес­ни­ци) и во брз (324) шах во 2018 годи­на, но пар­ти­и­те се играа во жи­во. Г.И.