Откако првата група тркачи го носеа олимпискиот факел во Фукушима, почна официјалното одбројување до почетокот на одложените Летни олимписки игри (ЛОИ) во Токио летово.
По кратката церемонија, затворена за јавноста, членовите на женската фудбалска репрезентација на Јапонија го почнаа 120-дневното патување на факелот низ 859 локации, што ќе кулминира со церемонијата на отворање на Игрите на Олимпискиот стадион на 23 јули, пишува британски „Гардијан“. Околу 10.000 носители на факелот, кој е во форма на цвет на цреша како мотив, ќе поминат низ 47 јапонски префектури.
– Во текот на изминатата година, додека целиот свет минуваше низ тежок период, олимпискиот оган се одржуваше жив, тивко, но моќно. Малиот пламен не изгуби надеж и исто како пупките од црешовите цветови што се подготвени да цветаат, го чекаше овој ден – рече Сеико Хашимото, претседателката на Организацискиот комитет на Игрите.