Поранешниот претседател на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Жак Рог, кој го предводеше олимпиското движење од 2001 до 2013 година, почина на 79-годишна возраст.

ИОК ја потврди смртта на Белгиецот без да ја соопшти причината, иако неговото здравје беше влошено откако си замина од претседателската функција.

Откако прво беше трикратен олимпиец како дел од едриличарскиот тим на Белгија, Рог беше на чело за време на три изданија на Летните олимписки игри (ЛОИ), во период кој беше забележителен во борбата против допингот и за финансиското закрепнување на движењето.

Додека тој беше претседател на ИОК, ЛОИ првпат се оддржаа во Јужна Америка (Рио де Жанеиро), а Зимските олимписки игри првпат се оддржаа во Јужна Кореја и во Русија.