Организаторите на маратонот во Токио што треба да се одржи на 1 март најавија дека поради коронавирусот ќе нема голема бројка учесници, односно ќе настапат само околу 200 елитни тркачи и спортисти во инвалидски колички.
Првично беше најавена бројка од над 38.000 учесници на маратонот, кој е еден од шесте што ја сочинуваат Светската серија маратони, заедно со Лондон, Берлин, Чикаго, Њујорк и со Бостон.
Сите пријавени за годинашната трка ќе можат да настапат во 2021 година. Во Кина се заразени повеќе од 70.500 луѓе од коронавирус, а умреле 1.770. Во Јапонија се потврдени над 400 случаи.