ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Пандемијата на коронавирусот ѝ застана на патот и на најпознатата велосипедска трка во светот Тур де Франс. Француската влада ги откажа сите спортски и други манифестации до средината на јули, а со тоа е одложено и 107-то издание на велосипедската трка околу Франција, која беше планирана за периодот помеѓу 27 јуни и 18 јули.

Како нов термин за одржување на трката организаторите го предлагаат крајот на август или почетокот на септември. Тур де Франс последен пат беше одложена во 1946 година, како последица на Втората светска војна. Од трите големи трки, претходно беше одложена трката Џиро д`Италија.

Минатата недела Меѓународната унија на велосипедистите ги намали платите на персоналот и на раководителите, наведувајќи го одложувањето на олимписките и на параолимписките игри во Токио како примарен фактор. Исто така, од Унијата соопштија дека работат на подготвување нов календар за трки за 2020 година.