Надежите на пливачкиот клуб Вардар 2018 имаа успешен настап и се вратија со голем број медали од Белград, каде што учествуваа на меѓународниот пливачки митинг „11 Април Гран При“ за 2006 година и постари и на „11 Април ПЛИВКО” за категоријата 2007 и помали, кој се одржа минатата недела. Кирил Ангелковиќ беше прогласен за најусепшен пливач во категорија 2008.

РЕЗУЛТАТИ

Симон Поповски 3. место на 100 градно со време 1:23.30 и 2. место на 200 градно со време 3:00.36 во катергорија 2005-2006

Горазд Станковски 2. место на 50 слободно со време 32.61; 3. место на 100 слободно со време 1:14.18; 3. место на 200 слободно со време 2:50.69 во категорија 2008

Никола Ѓуретановиќ 2. место на 100 слободно со време 1:09.17; 2. место на 100 грбно со време 1:18.78; 2. место на 200 грбно со време 2:49.28; 1. место на 200 мешано со време 2:56.80 во категорија 2007

Кирил Ангелковиќ 2. место на 100 слободно со време 1:13.03; 1. место на 200 слободно со време 2:36.44; 1. место на 400 слободно со време 5:22.20; 2. место на 200 мешано со време 3:01.42 во категорија 2008

Петар Цеков 2. место на 200 слободно со време 2:46.25; 2. место на 400 слободно со време 5:44.16; 2 место на 100 градно со време 1:44.32 во категорија 2008

Марин Ташевски 1. место на 50 грбно со време 37.00; 1. место на 100 грбно со време 1:21.97 во категорија 2008

Андреј Калкус 3. место на 50 делфин со време 38.44 во категорија 2009