фото: Маја Јаневска-Илиева

Младиот, 15- годишен Ангелче Петрушевски, член на Кајакарскиот кану клуб (ККК) Вардар од Велес, е победник на годинашниот 51. Илинденски кајак слалом (ИКАС) што се одржа на реката Треска, кај Матка.

Втор беше Србинот Сретен Јевтиќ, а трет уште еден македонски претставник, Борче Мирчевски.

Петрушевски е најмладиот победник во полувековната историја на престижната трка на Треска, еден од најталентираните млади македонски, па и европски кајакари.