Во 2013 година Бхавја Гохил и Аатур Мехта, тогаш студенти на втора година на електронско инженерство во Мумбаи, реализирале проект со кој направија шаховска табла што зборува и сама ги поместува фигурите, кој сега се претвори во комерцијален потенцијал.

Двајцата ова го претворија во „паметна шаховска табла“, со име „Сквеар оф“, која на корисниците им овозможува да играат со кого било во светот, но на традиционална шаховска табла.

Во меѓувреме тие изработија седум прототипа, по што сега таблата им овозможува на корисниците да играат против вградениот шаховски компјутер со 20 нивоа или да играат против шахисти од целиот свет, кои не мора да ја имаат оваа специјална табла.
Според информациите, кога вашиот противник ќе направи потег преку својата апликација, соодветната фигура на паметната шаховска табла се поместува. „Сквеар оф“ е, исто така, поврзана и со сајтот chess.com, што носи нови 21 милион потенцијални играчи.

Иако концептот и технологијата овозможуваат да се направат и други „паметни“ друштвени игри, засега Гохил и Мехта се фокусираат на шахот, постојано дополнувајќи го „Сквеар оф“, кој сега има две верзии, од кои едната и можност за ресетирање, кога по завршувањето на партијата фигурите сами се редат на своите полиња за следната партија.