Наоми Осака повторно го освои тенискиот гранслем-турнир Австралија опен со убедливата победа против Џенифер Брејди со резултат 2-0 (6-4, 6-3 по сетови) по 79 минути игра во финалето во Мелбурн.

Тенисерката која и во 2019 стигна до трофејот Мелбурн годинава на турнирот дојде како трета носителка.

Првиот сет од мечот во поголемиот дел беше изедначен, а Јапонката одлучувачкиот удар на противничката и го зададе баш кога таа сервираше за опстанок во сетот. Овој сет траеше 43 минути.

Во вториот со психолошка предност Осака беше видлива, па за 20-тина минути таа направи два брејка и поведе со 4-0 во гемови, со што прашањето на победникот не беше доведено во прашање.

Ова е четвртиот трофеј за Осака на гранслем-турнирите (двапат го освои и САД опен).