Победничката на УС Опен, Наоми Осака (Јапонија) и поранешната светска тенисерка број 1 Викторија Азаренка (Белорусија) го откажаа своето на турнирот во Вухан (Кина) со награден фонд 2.74 милиони долари.

Денес Осака загуби од Каролина Плишкова (Чешка) во финалето на турнирот во јапонската престолнина Токио, по што, сепак, соопшти дека не може да учествува во Вухан поради вирусна болест.

Таа ќе биде заменета од „среќната губитничка“ од квалификациите Полона Херцог (Словенија).

ВТА турнирот во Вухан почна денес и ќе трае до 29 септември.

Викторија Азаренка, исто така, нема да игра поради вирус. Од турнирот се повлече и Магдалена Рибарикова (Словачка), која е со респираторна болест.