Одредени групите за ракометниот турнир на ЛОИ во Токио

Во седиштето на Светската ракометна федерација (ИХФ), Базел, во Швајцарија, беше извлечена ждрепката за групите за ракометниот турнир на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио.
За турнирот за мажи во групата А беа извлечени европските селекции на Франција, Норвешка, Шпанија и на Германија и јужноамериканските претставници Бразил и Аргентина. Домаќинот Јапонија ја избра групата Б, во која ќе играат селекциите на Египет, Бахреин, олимпискиот првак Данска, Шведска и на Португалија.
На турнирот за жени, домаќинот Јапонија ќе игра во групата А, во која претходно беа извлечени Холандија, Црна Гора, Норвешка, Јужна Кореја и Ангола. Во групата Б ќе се натпреваруваат селекциите на олимпискиот првак Русија, Шпанија, Унгарија, Бразил, Шведска и на Франција. Во двете конкуренции по групната фаза по четири селекции од секоја група ќе играат во четврт-финалето.
Ракометните турнири на ЛОИ 2020 треба да се играат од 24 јули до 8 август, а сите натпревари ќе се играат на Националниот стадион во Токио.


МАЖИ

Група А: Аргентина, Шпанија, Германија, Франција, Норвешка, Бразил
Група Б: Бахреин, Египет, Португалија, Шведска, Данска, Јапонија

ЖЕНИ
Група А: Ангола, Кореја, Норвешка, Црна Гора, Холандија, Јапонија
Група Б: Бразил, Франција, Унгарија, Русија, Шпанија, Шведска