Според правилото, тимовите ќе треба да користат единечен режим на моторот во текот на целиот тркачки викенд

ФОРМУЛА 1

Формула 1 планира да им забрани на екипите да ги менуваат нивоата на перформанси на моторот за време на гранпри-викендите, пишува „Би-би-си“. Овој потег, кој стапува во сила за трката за големата награда на Италија на 6 септември, би спречил употреба на режими со голема моќ што се користат во квалификациите.
Според правилото, тимовите ќе треба да користат единечен режим на моторот во текот на целиот тркачки викенд, а со ограничување на еден режим Интернационалната автомобилска федерација (ФИА) ќе може да ги следи моторите во секое време, пишува „Би-би-си“.

Сезоната во Формула 1 продолжува в недела, со трката за големата награда на Белгија, на патеката Спа. Минатата година на оваа трка победи Чарлс Леклерк, пред Луис Хамилтон, Валтери Ботас, итн. Најмногу победи на патеката Спа има Михаел Шумахер, шест, од актуелните возачи на натпреварот за големата награда на Белгија четири пати победил Кими Раиконен, а Себастијан Фетел и Хамилтон имаат по три триумфа.
По шест трки сезонава, на табелата кај возачите води Хамилтон со 132 бода, пред Макс Ферстапен со 95, Ботас со 89, Леклерк со 45, Ланс Строл со 40 бода итн.