Одбојкарките на Јанта Волеј – Кисела Вода завчера ја победија екипата на Работнички на гости со 3-1 (25-23, 27-25, 20-25 и 25-15 по сетови) во дерби натпреварот од деветтото коло од втората фаза во Првата лига. Со победата Јанта Волеј се искачи на првото место на првенствената табела со учинок од 13 победи и два пораза.

– Викендов кој ни следува, на гостински терен во Струмица, нашите одбојкарки ќе вложат силни напори да го освојат Купот на Македонија. Имаме многу јака екипа. В сабота играме полуфинален натпревар со Струмица жени, и доколку победиме, в недела ќе играме за освојување на Купот – изјави Горан Јаневиќ – Јанта, тренерот на Јанта Волеј.