Прво што моравме да направиме беа тестовите на ковид-19. За среќа, сите одбојкари, како и деветте члена на стручниот штаб, беа негативни, што значи дека сега ќе можеме максимално да им се посветиме на тренинзите. Наредните денови ќе се работи по двапати дневно, повеќе индивидуално. Од идната недела поголем акцент ќе биде ставен на тимската работа, на уигрувањето и на некои тактички детали, вели селекторот Никола Матијашевиќ

ПОДГОТОВКИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО В ГОДИНА

Најдобрите македонски одбојкари ги почнаа подготовките за двата квалификациски турнира што ќе се одржат во Скопје, од 11 до 16 јануари 2021 година, за пласман на Европското првенство (ЕП) во септември идната година во Полска, Чешка, Финска и во Естонија. Тренинзите ќе се одвиваат во салата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што и ќе се одржи турнирот, пред празни трибини.
Во групата Ц со Македонија се и репрезентациите на Турција и на Босна и Херцеговина. Селекцијата на Данска во последен момент го откажа настапот во квалификациите за ЕП 2021.
– Прво што моравме да направиме беа тестовите на ковид-19. За среќа, сите одбојкари, како и деветте члена на стручниот штаб, беа негативни, што значи дека сега ќе можеме максимално да им се посветиме на тренинзите. Наредните денови ќе се работи по двапати дневно, во вежбалница и во сала, повеќе индивидуално. Од идната недела поголем акцент ќе биде ставен на тимската работа, на уигрувањето и на некои тактички детали – вели селекторот Никола Матијашевиќ.

На континенталното првенство в година ќе се пласираат првопласираните од седумте квалификациски групи и петте второпласирани со најдобар ефект. Настап на ЕП 2021 веќе обезбедија деветте првопласирани селекции од ЕП 2019, Србија, Словенија, Полска, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија и Белгија, потоа Летонија, како победник на квалификациската група Д, како и репрезентациите на домаќините на континенталното првенство во 2021 година.
На ЕП 2021 ќе настапат 24 репрезентации, таму ќе бидат поделени во четири групи, од кои четирите првопласирани ќе ги продолжат натпреварите во осминафиналето. На ЕП 2019 првпат настапи и репрезентацијата на Македонија, во групата Ц во Љубљана, Словенија, и го освои петтото место, забележувајќи две победи, над Словенија, која подоцна стана европски вицешампион, и над Белорусија.
Комплетните подготовки ќе се реализираат во Скопје, а покрај тренинзите се договорени и четири контролни средби со селекцијата на Бугарија. 


ГРУПА Ц, РАСПОРЕД

Македонија – БиХ 11 и 14 јануари
БиХ – Турција 12 и 15 јануари
Македонија – Турција 13 и 16 јануари
на ЕП ќе се пласираат првопласираните од седумте групи и петте второпласирани со најдобар ефект