Фото: ОФМ

Одбојкарската репрезентација на Македонија претрпе нов пораз на Европското првенство, овој пат од Турција со резултат 0-3 (22-25, 12-25 и 15-25 по сетови). Избраниците на Душко Николиќ претходно загубија од домаќинот Финска со 1-3 и од Холандија со 0-3.

Филип Маџунков и Никола Ѓоргиев беа најефикасни кај Македонија со по седум поени.

„Црвено-жолтите“ до крајот на групната фаза играат против Шпанија (утре од 16 часот) и против Русија (в среда, во 16 ч.), со што би можеле да го поправат впечатокот до крајот на континенталниот шампионат.