Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори направи големо изненадување на Мастерсот во Лондон со победата над Роџер Федерер во 1.коло од групата Б.

Резултати од 1.коло:

Кевин Андерсон (Јужна Африка) – Доминик Тием (Австрија) 2-0 (6:3 и 12:10)

Роџер Федерер (Швајцарија) – Кеи Нишикори (Јапонија) 0-2 (6:7 и 3:6).

Денеска се играат мечевите од 1.коло во А-група:

Александар Зверев (Германија) – Марин Чилиќ (Хрватска)

Новак Ѓоковиќ (Србија) – Џон Изнер (САД).